Времетраење: 01.09.2013/01.03.2014
Финансиска подршка: Ромски образовен фонд – Будимпешта
Буџет: 13.495 евра
Цели на проектот: Овозможување на имплементација на Стратешка рамка за воведување на ромски образовни медијатори во основното образование.
Опис на проектот: Овој проект претставува следна фаза во програмата за поддршка на образованието на Ромите како продолжување на проектните циклуси: „Кампањата за образование на Ромите“, проектот „Вклучување и продолжување на образовниот процес“.
Проектот „Институционализација на ромските образовни медијатори“ предвидува подготовка на финансиски импликации за вклучување на ромските образовни медијатори во системот, прифаќање на оваа стратешка рамка од страна на Владата на РМ и вклучување на ромските образовни медијатори во системот (прва фаза).
Активности:
– Средби со локални авторитети за застапување и лобирање за да се овозможи имплементација на стратешката рамка за институционализација на ромските образовни медијатори во основните училишта во РМ.
– Средби со национални авторитети за застапување и лобирање за да се овозможи имплементација на стратешката рамка за институционализација на ромските образовни медијатори во основните училишта во РМ.
– Креирање на стратегија за медиуми и за односи со јавноста , за да се постигне видливоста на проектот, со особен акцент на активностите за лобирање.
– Креирање на финансики импликации за имплементација на програмата од страна на држвата.
Резултати:
– Финансиска анализа.
– Стратегија за односи со јавноста.
– фокусираност на социјалните медиуми за промоција на проектот.
– Усвоена стратешката рамка за вклучување на ромските образовни медијатори.
– Вклучени минимум 4 а максимум 11 ромски образовни медијатори во основните училишта во РМ.