„Фудбал за еднаквост“
Оваа година по повод 11та „Недела против расизам“ (14-26ти Октомври 2010), Националниот Ромски Центар во Сабота, 23.10.2010, организираше мал спортски настан на плоштадот во Скопје. На оваа активност се приклучи и НВО Амбрела од Скопје. Учесници на настанот беа младинци, ученици во основни и средни училишта од Куманово и Скопје. НРЦ подготви флаери како и кратка информација за ФАРЕ Акционата Недела кои беа раздавани на граѓаните во Скопје.
Имаше околу 25 деца инволвирани кои се раширија низ плоштадот и трговскиот центар и ги дела флаерите и објаснуваа на љубопитните минувачи што значи Акционата Недела, за што се зазема ФАРЕ и кои се нејзините цели. Други деца на плоштадот изведуваа разни спортски активности.
Исто така беше испратена и изјава за печатот на разни печатени и електтронски медиуми на национално ниво.
Постигнавме позитивни резултати бидејќи луѓето беа заинтересирани за она што имаме да го кажеме. Исто така и децата на плоштадот добија позитивни влијание.
Ваквиот едноставен начин на реализирање на целокупната активност за користење на спортот при пренесување на порака е всушности показател дека спортот е врска меѓу луѓето која ги спојува без разлика на национална припадност или боја на кожата. За да бидеш спортист пресудно е да имаш талент. И пренесување на пораките за надминување на дискриманицијата и расизам преку спортот е моќна аклатка која лесно допира до луѓето, што всушност се покажа преку овој настан.