Целта на „Добар Почеток“ програмата е поддршка на образование и грижа во рано детство, со фокусирање на фамилиите и заедниците додека се работи со институции.
Европската Унија ја поддржува имплементацијата на „Добар Почеток“ програмата која цели кон развивање на деца помеѓу 0 и 6 години. Проектот е финансиран 2 милиона евра буџет, се имплементира преку пилот проекти кои ќе се прилагодуваат на локалните услови во четири земји – Македонија, Словачка, Романија и Унгарија во вкупно 16 населби. Целта е до крајот на програмата да постигнеме ефикасно и успешно инволвирање и поддршка на повеќе од 4000 мали деца и нивните фамилии во четирите земји.
Во Македонија, на почетокот од школската година, во пет локалитети (три урбани и две рурални) – во Шуто Оризари, Виница, Делчево, Тработивиште и Црник – започнаа индивидуални програмски елементи. Три локални НВОа ги имплементираат планираните активности и тоа: Национален Ромски Центар – Куманово, Ромски Образовен Центар „Амбрела“ – Шуто Оризари (Скопје) и НВО „Кхам“ – Делчево. Сите овие организации се искусни, иницијативни, активни НВОа на полето на образование.
Целта на „Добар Почеток“ програмата е поддршка на образование и грижа во рано детство, со фокусирање на фамилиите и заедниците додека се работи со институции.