Период на имплементација: 01.03.2017 – 01.03.2019

Општата цел на акцијата е да се промовира социјалната интеграција на ромските деца во општеството преку ефективна заштита на нивните основни човекови права.

Специфични цели на проектот се:

  1. Да се намалат практиките на дискриминација кон ромските деца од релевантни актери со посебен фокус на образование, здравство, социјална заштита, домување, преку директни правни акции, правна поддршка, застапување за промена на дисфункционална легислатива.
  2. Да се обучат и да се зајакнат локалните ромски невладини организации и активисти на национално ниво во идентификација и регистрирање на случаи на дискриминација на ромските деца и да ги вклучат во изнаоѓање и известување за такви случаи за понатамошна обработка.
  3. Да се подигне нивото на општата јавност на сèуште постоечките практики на дискриминација на ромските деца во Македонија и со тоа да се добие поддршка за својата поефикасна социјалната интеграција.

Исход и резултати

Резултат 1.1 Идентификувани случаи на дискриминација кон ромските деца, директна правна акција, административна поддршка со медијација на релевантни актери.

Резултат 2.1 Две обуки организирани за ромските здруженија и активисти, како и за други активисти мотивирани за работа во полето на анти дискриминација.

Резултат 2.2 Финансиска поддршка (под-грантови) за ромски здруженија за спречување на дискриминација кон ромски деца

Резултат 2.3 Воспоставена национална мрежа на активисти, активна и координирана со цел за идентификација и регистрација на случаи на дискриминација кон ромските деца.

Резултат 2.4 Три редовни состаноци организирани со активисти на мрежата за редовна проценка на напредокот во идентификација на случаи.

Резултат 3.1 Отворен Центар за заштита на ромските деца од дискриминација и пријавување на случаи и обезбедување на почетна правна поддршка.

Резултат 3.2 Oбјавен и дистрибуиран извештајот со идентификувани и обработени случаи.

Резултат 3.3 Промовирани препораки за ревизија на проблематична регулатива

Резултат 3.4. Кратки документарни филмови со најмалку 5-7 приказни од главните случаи на дискриминација кон ромските деца со цел подигнување на јавната свест.

Резултат 3.5 Спроведена национална кампања против дискриминацијата кон ромските деца

 

Локација на имплементација: На национално ниво, со посебен фокус во општините Куманово, Крива Паланка, Кичево, Кочани, Штип и Прилеп во кои има големи ромски заедници.

Партнери во проектот: Здружение Паблик

Донатор: Делегација на Европската Унија

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*