Национален Ромски Центар структурно и систематски работи на прашања поврзани со уредување на граѓански статус и лична документација за Ромките. Целта на НРЦ е да се елиминираат високите стапки на Роми без лична документација во Македонија, помагајќи во постапки и барања за лична регистрација со намера да се зајакнат жените во македонското општетство. Активностите на НРЦ во областа на лична регистрација на ромското население се подржани од Канцеларијата за ромски иницијативи, на Институтот Отворено Општество, уште од 2007 година во рамки на Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015. Активностите на ова поле имаат поддршка од Министерството за внатрешни работи и Управата за водење на матични книги.
НРЦ при мониторинг и работа во ромските населби има сознанија за голем број случаи на нерегулиран статус на лица или странци, голем број на нерегистрирани граѓани, кои понатаму генерираат проблеми при пристап до социјална и здравствена заштита. Некои од случаите се поврзани си подолги и поскапи постапки, а во некои ситуации единствен личен документ кој го поседува лицето е стара лична карта од времето на поранешна Југославија, и таквите лица се без регулирано место на живеење или престој во Република Македонија, иако некои од тие лица живеат во Македонија од нивното раѓање. Во други ситуации пак станува збор за лица кои се родени во соседните земји, најчесто во некоја од соседните земји од поранешна Југославија, кои продлжиле да живеат во Македонија но без регулиран граѓански статус и дури без упис на нивното раѓање.
НРЦ до сега има работено на 890 случаи поврзани со постапки за уредување на статус:
- 370 изводи од МКР
- 155 државјанства на Република Македонија
- 9 државјанства од други држави
- 433 лични карти
- 2 дозволи за постојан престој
- 10 патни исправи
- 9 уверенија за неосудуваност
- 13 изводи од МКВ
- 3 изводи од МКУ
НРЦ организираше информативни настани во рамки на проектните активности во 2010 година исто така поврзани со регулирање на статусот на населението во 10 градови во Република Македонија – Скопје (без општината Шуто Оризари), Куманово, Штип, Тетово, Гостивар, Прилеп, Велес, Кочани, Кавадарци, Битола. Оваа информативна кампања се спроведуваше скоро во сите општини каде Ромите имаат потешкотии со уредување на нивниот статус. НРЦ организираше 40 јавни форуми, по два во секој град вклучен во кампањата, се со цел да се доближат законските одредби до лицата во самите ромските населби. Беа дистрибуирани и информативни брошури на македонски и ромски јазик, со контакт детали на надлежните институции.
НРЦ ги охрабрува припадниците на ромската заедница од различни општини да станат активни учесници и граѓани со превземање на акции во управни постапки за да се зголеми нивото правната сигурност при пристапот до основните уставни и законски права. Проектните активности ги истакнуваат услугите насочени кон женската ромска популација за да се адресира нивната итна потреба од поддршка во уредување на цивилниот статус. Ромите имаат потешкотии при пристапот до државјанство споредено со неромското население. Сиромаштијата е главна пречка која создава потешкотии во пристапот до постапките за уредување на статус и административните такси кои треба да се платат при тоа. Недостаток од информации, и други потешкотии на кои наидуваат припадниците на ромската заедница, допринесуваат тие да не започнат постапки за прием во македонско државјанство поради нерегистриран престој иако живеат повеќе од петнаесет години во Македонија и се апатриди и во 21-виот век. Ние ги охрабруваме припадниците на ромската заедница да станат активни граѓани во општеството, бидејќи недостатокот од изводи во матични книги на родени, лични карти, допринесуваат за понатамошно нивно исклучување. Неуспехот да се запише фактот на самото раѓање на детето и да се поседува документ за тоа, влијае понатаму на вклучување на детето во воспитно-образовен процес и вклученост во системот на социјална заштита. Недостаток од документи исто така влијае на пристапот до здравствената заштита и учество на избори.
За понатамошни информации контактирајте
Катерина Шојиќ
Правник, Национален Ромски Центар
Е.пошта: ksojic [at] nationalromacentrum [dot] org
Тел/факс: +389 (0)31 427 558