На  23.01.2020 година во Општина Штип беше одржана Промоција на Документ за локални политики за подобрување на условите за домување на Ромите во општина Штип.

Документот е подготвен во рамки на проектот „Унапредување на учество на Ромите во локални политики за урбанистичко планирање“ финансиран од Фондација Отворено Општество Македонија и во рамки на проектот„Поддршка за легализација на ромско домување“ финансиран од Европска Унија.

Целта на изготвување на Документот  за локални политики во кој  се  анализираат  досегашните изготвени стартегии и документи, како и степенот на нивното имплементирање и реалната состојба во која се наоѓа ромското население  кога е во прашање домувањето, е да се даде дополнителен придонес на напорите за подобрување на правата на Ромите поврзани со  легализација на ромко домување и урбанизација на ромските населби. Документот има за цел да обезбеди основа за развој на ефективни локални регулативи и иницијативи што ќе влијаат на подобрување на условите за домување.

На промоцијата присуствуваа претставници од надлежните институции, здруженија на граѓани и граѓани Роми.

Документот во целост е поставен на следниот линк:

http://www.nationalromacentrum.org/mk/proekti/dok-za-lokalni-politiki-stip-2/

DSC_0307

DSC_0324

DSC_0314

DSC_0337

DSC_0300DSC_0334

 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*