Почитувани,

Здружение Национален ромски центар (НРЦ), Куманово објавува Барање за прибирање на понуди повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:

  1. Општи услови
  1. Набавувач на услуги ЗГ Национален ромски центар со седиште на ул. Доне Божинов бр.11/5, Куманово.
  1. Предмет на барањето: Прибирање пријави за ангажирање на теренски  консултанти
  1. Национален ромски центар го имплементира проектот „Кампања за превенција на насилство врз жени и семејно насилство во ромските заедници” во рамките на Регионалната програма на Европската Унија и UN Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми промена на ставови”.
  1. За потребите на проектот јавно го објавуваме ова барање преку својата интернет страница www.nationalromacentrum.org

Главна цел на проектот е жените Ромки, девојчиња, мажите и момчињата на заедничко и индивидуално ниво да имаат подобро разбирање и прифаќање на родовата еднаквост во 4 региони во земјата. Проектот се имплементира во Куманово, Кочани, Кичево, Штип и Прилеп.

1.5. Понудувачот треба да ги исполни следниве услови:

  • Завршено средно образование;
  • Минимум 3 годишно работно искуство со граѓански организации, Роми/ Ромки или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
  • Познавање за Microsoft Office и обезбеден пристап до интернет;
  • Дигитална писменост за користење на современи алатки за комуникација( Zoom, Blue Jeans и други).
  • Пријава

              Понудувачот треба да достави :

  • Работна биографија;
  • Писмо за интерес со краток опис кој ќе докаже дека поседува соодветно знаење и искуство за спроведување на проектните активности;
  • Понудена бруто цена  за ден ( 8 работни часа)
  • Опис на позиција: Повик за ангажирање на теренски  консултанти

Број на позиции:

  • 3 технички консултанти ( по 1 за Кочани, Кичево и Куманово)

Времетраење: во период од септември 2021 до јануари 2023 година.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*