Почитувани,
Здружение Национален ромски центар (НРЦ), Куманово објавува Барање за прибирање на понуди повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:
1. Општи услови
1.1 Набавувач на услуги ЗГ Национален ромски центар со седиште на ул. Доне Божинов бр.11/5, Куманово.
1.2 Предмет на барањето: Прибирање пријави за ангажирање на правни експерти / адвокати за правно
советување и упатување/застапување на жени и девојчиња жртви на семејно насилство и штетни
практики
1.3 Национален ромски центар го имплементира проектот „Кампања за превенција на насилство врз жени и
семејно насилство во ромските заедници” во рамките на Регионалната програма на Европската Унија и UN
Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми
промена на ставови”.
1.4 За потребите на проектот јавно го објавуваме ова барање преку својата интернет страница
www.nationalromacentrum.org
Главна цел на проектот е жените Ромки, девојчиња, мажите и момчињата на заедничко и индивидуално ниво да
имаат подобро разбирање и прифаќање на родовата еднаквост во 5 региони во земјата. Проектот се
имплементира во Куманово, Кочани, Кичево, Штип и Прилеп.
- 1.5. Понудувачот треба да ги исполни следниве услови:
- Завршено високо образование- Правен факултет со минимум 240 кредити;
- Лиценца за работа за адвокат издадена од Адвокатска комора на РСМ;
- Минимум 3 годишно непрекинато работно искуство како адвокат со издадена лиценца од адвокатска
- комора на РСМ;
- Познавање на домашно и меѓународно законодавство и правни инструменти за заштита на жртви од
- семејно насилство;
- Минимум 3 годишно работно искуство со граѓански организации и/или минимум 1 година искуство со ромски граѓански организации, Роми/Ромки; и/или на прашања поврзани со Роми/ Ромки