Во октомври беа одржани 4 дијалог состаноци во ромските населби во Куманово, Кочани, Кичево и Штип. На средбите присуствуваа жени, девојки, мажи и момчиња кои заедно со проектниот тим и теренскиот консултант дискутираа за родово базирано и семејно насилство во нивните заедници.

Целта на овие средби беше да се поттикнат и охрабрат учесниците да дискутираат и да разменат мислења за причините и последиците од родово базирано и семејно насилство, зголемено насилство за време на пандемијата со КОВИД-19 и детски бракови на локално ниво.

Средбите беа организирани во рамките на проектот „Кампања за превенција на насилство врз жени и семејно насилство во ромските заедници” во рамките на Регионалната програма на Европската Унија и UN Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми промена на ставови”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*