Периодов беше организирана првата серија од состаноци на мрежата во 5 општини: Куманово, Кочани, Прилеп, Кичево и Штип. На средбите учествуваа препознатливи лица (жени и мажи) од ромските заедници од 5 општини како и претставници од Локалните совети за превенција во Куманово и Штип.
Целта на состаноците беше да се дискутира примената на новиот Закон за спречување и заштита на насилство врз жени и семејното насилство како и Кривичниот законик во делот на заштита на малолетници и детски бракови во локален контекст.
Средбите беа организирани во рамките на проектот „Кампања за превенција на насилство врз жени и семејно насилство во аромските заедници” во рамките на Регионалната програма на Европската Унија и UN Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми промена на ставови”