Во Кичево и Куманово изминатите денови се одржа сесија за правно советување на жени и девојки Ромки и дијалог состанок со учесници од ромската заедница.
Целта на инфо денот за правно советување беше да се информираат и зајакнат жените и девојчињата за различните форми на семејно насилство, достапните механизми за заштита од родово базирано и семејно насилство како и за специјализираните услуги за помош и поддршка кои постојат како и да се едуцираат во однос на новините кои произлегуваат од новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жени и семејното насилство.
Дијалог состанокот имаше за цел да ги поттикне учесниците од ромската заедница да дискутираат и разменат мислења и ставови за причините и последиците од родово базирано и семејно насилство, зголемено насилство за време на пандемијата со КОВИД-19 и детски бракови на локално ниво.
Содржината е подготвена во рамките на кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство” кон која се приклучува и Националниот ромски центар кој го имплементира проектот „Кампања за превенција на насилство врз жени и семејно насилство во ромските заедници” во рамките на Регионалната програма на Европската Унија и UN Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми промена на ставови”