Почитувани,
Здружение Национален ромски центар (НРЦ) од Куманово објавува „Барање за прибирање на понуди“
повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:
1.Општи услови
1.1 Набавувач на услуги: ЗГ „Национален ромски центар“ НРЦ од Куманово со седиште во Куманово ул.
„Доне Божинов“ бр. 11/5.
1.2 Предмет на барањето: прибирање понуди за хотели и ресторани
1.З. Национален ромски центар го имплементира проектот „Кампања за превенција на насилство врз жени
и семејно насилство во ромските заедници” во рамките на Регионалната програма на Европската Унија и
UN Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на
норми промена на ставови” и за потребите на проектот НРЦ го објавува ова барање преку својата интернет
страница www.nationalromacentrum.org.
Главна цел на проектот е жените, девојчињата, мажите и момчињата на заедничко и индивидуално ниво
да имаат подобро разбирање и прифаќање на родовата еднаквост во 4 региони во земјата.
Проектот се имплементира во 5 општини Куманово, Кочани, Штип, Прилеп и Кичево.
1.4. Набавката на ова Барање не е делива, согласно најдобриот финансиски и квалитативен интерес на
барателот.
Доколку понудувачот во рамки на определените услови и спецификација од страна на барателот, има повеќе
предмети/ствари/услуги кои ги исполнуваат барањата, може да поднесе најмногу три различни понуди.
1.5. Понудувачот во случај на избор на неговата понуда е должен да обезбеди фактура заради исплатата од
страна на средства од грант на Регионалната програма на Европската Унија и UN Women.
2. Понуда
2.1 Понудувачот треба да достави понуда во која согласно потребите на набавувачот, во понудените
содржини да содржи:
- Понуда за одржување на oбука на 26 и 27 јануари 2022.
- Понудата да содржи цена за еднокреветно сместување за 17 лица со едно ноќевање со полн пансион, и
дополнителен ручек. - Понудата да содржи дополнително и цена за 6 лица за ручек и вечера на ден 26 јануари и ручек на 27
јануари (во оваа понуда не се вклучени лицата кои ќе бидат со полн пансион). - За времетраење на обуката да биде вклучено вода за учесниците, 2 кафе паузи на ден, безалкохолен
пијалок за време на паузите за ручек и вечера и сала за состаноци со опис на понудените услуги на
хотелот/ресторанот. - Понудена цена во денари со изразен ДДВ, за градот Куманово.
- Одржувањето на обуката да биде реализирано согласно актуелните протоколи за заштита од Ковид 19.
3. Критериуми за избор на најповолен понудувач:
- Цена
- Квалитет
Цената носи максимум 80 поени и квалитетот носи најмногу 20 поени. За добитник на повикот по барањето за
доставување на понуди ќе се смета понудувачот кој ке добие најмногу поени.
Квалитетот на понудените стоки и услуги ќе се оценува на начин што ќе се анализира видот, големината и
опременоста на просторијата за одржување на настанот, дополнителните услуги кои ги нуди понудувачот, како и понуденото мени за ручек и освежување.
4. Облик и содржина на понудата
4.1 Понудата се изработува во писмен облик во денари
4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за
контакт како и лица за контакт.
4.3. Тековна состојба од добавувачот.
4.4 Карактеристики на понудата
4.5 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите.
4.6 Рок и начин на плаќање
Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса
[email protected], и [email protected] најдоцна до (петок) 14.01.2022
година до 16 часот.
Куманово,
24.12.2021