Првиот работен ден од кампот Буверо 2016 беше во знакот на учесничките и нивните стории
Ромската женска меѓу-културна мрежа БУВЕРО 2016 организира тренинг за група од 11 девојки од ромската заедница во Македонија за да продуцираат аудио-визуелни материјали и да формираат мрежа за комуникација помеѓу ромските жени.
Првиот ден „Јас и мојата приказна, култура и пристап до заедницата“ беше посветен на ромскиот идентитет и на оваа тема со учесничките разговараа Ашмет Елезовски, како ромски активист на национално и интернационално ниво и Рамо Рушидовски, автор на значајни дела за историјата на Ромите. Тие дискутираа за значењето на идентитетот како сила за обликување на заедницата. На крајот на првите две сесии учесничките добија примерок од книгата на авторот Рушидовски „Ромите во Европа“.
Третата сесија, посветена на предрасудите и стереотипите ја водеше Ирфан Мартез, ромски активист и член на Национален ромски центар.
Темата за новинарството во текот на првиот работен ден ја отвори Славица Ќурчинска, новинарка со работно искуство во локални медиуми и проекти посветени на ромската заедница. Таа во 2 сесии работеше заедно со учесничките на креирање стории и организирање интервјуа.