Третиот ден од кампот беше посветен на теорија за новинарство

Во првата половина на третиот ден од кампот БУВЕРО беа одржани вкупно 2 сесии. Денот насловен како МЕДИУМИ започна со вовед во новинарството, во чии рамки се дискутираше општо за значењето на новинарството, на медиумите, како и за формите на новинарско известување.

Темата за новинарството во рамките на кампот БУВЕРО го води обучувачот Љубица Гроздановска Димишковска, која повеќе од 10 години работи како новинар во повеќе домашни и странски медиуми, вклучувајќи го BBC и Transitions Online. Љубица Гроздановска има искуство во поглед на тренинг и подучување, вклучувајќи предавање за Историја на новинарство на новинарски студии на Правен Факултет во Скопје.

[post_gallery]