Почитувани,
Здружение Национален ромски центар (НРЦ) во партнерство со Симбиозис 12 го објавува ова продолжување на Повик за ангажирање на теренски асистенти само за Крива Паланка (1 позиција) и Прилеп (1 позиција), поради тоа што не беа изберени лица за овие позиции во период од 19.02-25.02.2019 година. На овој повик беа изберени лица за ангажман за Куманово (2 лица), Кичево (1 лице), Прилеп (1 лице), Штип (1 лице), Кочани (1 лице).
Здружение Национален ромски центар (НРЦ) од Куманово во партнерство со Симбиозис 12 од Куманово го објавува ова „Барање за пријава на теренски асистенти– продолжување за Крива Паланка и Куманово” повикувајќи ги сите физички лица, да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:
1.Општи услови
1.1 Набавувач на услуги НРЦ од Куманово со седиште на ул.Доне Божинов бр.11/5 Куманово
1.2 Предмет на барањето: Прибирање на пријави за теренски асистенти
1.3 Здружение Национален ромски центар од Куманово во партнерство со Симбиозис 12 го спроведува проектот „Зајакнување на пристапот до бесплатна правна помош за Роми и други ранливи категории” со поддршка на Европска Комисија преку грантовата шема „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правосудниот сектор“ која ја спроведува Министерство за финансии, Сектор за Централно Финансирање и Склучување на Договори, за потребите на проектот НРЦ Куманово го објавува ова барање преку својата интернет страница http://www.nationalromacentrum.org
Главна цел на проектот е да го подобри пристапот до бесплатна правна помош за Ромите и други социјално ранливи категории во земјата.
Посебна цел на проектот е да промовира и да подигне свесност за бесплатната правна помош помеѓу ромската популација и други социјално ранливи категории граѓани во 6 општини во државата (Куманово, Кочани, Кичево, Штип, Прилеп и Крива Паланка).
Период на имплементација: 22.12.2018-22.12.2020
Главни продукти на проектот се:
- П1.1 Организирана промотивна кампања (подготвен промотивен материјал – најмалку 300 постери, 6000 флаери, и други ситни продукти за промоција)
- П1.2 Најмалку 12 отворени инфо денови организирани ( по 2 во секоја општина)
- П1.3 Проценка на нивото на знаење на целните заедници за бесплатната правна помош (теренско истражување на примерок на 1.500 граѓани; интервјуа со активисти од заедницата на граѓански организации)
- П2.1 Најмалку 120 дена одржување на посети на терен
- П2.2 Совети, информации и препраќање во однос на легислативата за бесплатна правна помош, која регуларно се обезбедува
- П3.1 Две обуки за системот и обезбедување на бесплатна правна помош во земјата одржани за најмалку 40 активисти од граѓански организации и нивни вработени
- П3.2 Најмалку 12 брифинзи организирани (по 2 за општина) за граѓански организации во врска со бесплатна правна помош и здруженијата на граѓани
- П3.3 Најмалку 60 денови техничка поддршка во врска со функционирање на системот за бесплатна правна помош која ќе се обезбедува на граѓански здруженија
1.4 Понудувачот (физичко лице) со поднесување на понуда за теренски асистенти се обврзува дека важењето на понудата под пропишаните услови ќе биде до завршување на проектот. Понудувачот кој ќе биде изберен ќе започне со работа веднаш по склучување на договор а најдоцна од март 2019 година.
- Пријава
Понудувачот треба да достави:
- Детална биографија
- 3 референци за контакт
- Писмо за интерес во кое ќе бидат наведени следниве податоци:
искуство во работа со Роми и/или припадници од ранливи категории на граѓани (жени, малцинства, социјално искучени граѓани, лица со попреченост) кои што живеат во Куманово, Кочани, Кичево, Штип, Прилеп и Крива Паланка, искуство во работење во граѓански организации, искуство во работа и собирање на информации на терен
- Предлог цена
Обврски на теренските асистенти:
- Организирање и учество на отворени денови за правна помош во заедниците најмалку пo 2 во општина за која што се изберени за работа,
- Дистрибуција на промотивен материјал на граѓани изработен во рамки на проектот
- По потреба посети на граѓани во ромските населби и по потреба посета на граѓани во нивните домови,
- По потреба учество на настани, обуки организирани од страна на НРЦ, Симбиозис 12 и донаторот,
- Да пружа информации за промоција на бесплатна правна помош и да ги препраќа граѓаните за да го искористат правото на бесплатна правна помош,
- По потреба да учествува на средби за техничка поддршка,
- Да доставува извештај и time sheet (образец за работен ангажман)
- Да земе учество на почетна обука и на други обуки организирани од страна на НРЦ
- Да го промовира проектот и по потреба други активности.
- Опис на позиција: Локален теренски асистент
Број на позиции: 2: 1 лице за Прилеп, 1 лице за Крива Паланка
Времетраење: вкупно 240 дена за сите 8 лица во 6 општини во времетраење од 22 месеци (вкупно за сите теренски асистенти)
Бруто надомест по ден: најмногу до 60 евра
Ангажманот предвидува склучување на договор со НРЦ со покриен персонален данок на доход.
Критериуми за избор на најповолен понудувач
Критериум за избор на најповолен понудувач:
- Завршено средно образование
- Искуство за работа или соработка со граѓански организации од најмалку 3 години
- Искуство од најмалку 1 година во работа со Роми и/или припадници од ранливи категории на граѓани (жени, малцинства, социјално искучени граѓани, лица со попреченост
- Познавање на ромска заедница и/или ромски јазик
- Предлог цена
Образование и искуство носат најмногу по 40 бодови, додека познавање на ромска заедница и/или ромски јазик носи 10 бодови, цена носи 10 бодови, а за изберени на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени во дадениот град и во случај на избор на две позиции по град тоа ќе бидат први две лица рангирани на листа на бодување.
Бодувањето на понудените цени се определува согласно проценетиот сооднос на најнискo и највисокo бодување.
Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса [email protected] и [email protected]или лично да ги доставите во архива на НРЦ на адреса „Доне Божинов“ бр.11/5 Куманово најдоцна до 05.03.2019 година до 15 часот.
28.02.2019 Проектен менаџер
Катерина Шојиќ