На 22 ии 23 јануари 2019 година во хотел Карпош се одржа третата обука со претставници на ромски граѓански здруженија за правата на домување во процесот на легализација.

На обуката присуствуваа претставници на ромски граѓански здруженија од Куманово, Кичево, Скопје, Кочани и Штип кои активно учествуваа и ги зајакнаа своите знаења за постапката и процедурите за легализација.

Преку практични примери и вежби учесниците имаа можност да ја анализираат документацијата потребна за постапката за утврдување на статус на бесправни објекти, работа на терен, пречки  и проблеми кои можат да настанат во постапката како и окончување на постапката за легализација. Воедно и преку дискусија се анализираа конкретни проблеми со кои се соочуваат ромските семејства и граѓанските ораганизации на терен.

Работилницата ја спроведуваа двајца обучувачи во соработка со проектниот тим.

 ****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерските организации Здружение Симбиозис 12 Куманово и Здружение  ОРМ Бела Кула Кичево и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

DSC_0299

DSC_0308

DSC_0337

 

DSC_0364

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*