Во рамките на проектот „Поддршка за легализација на ромско домување” на 02 и 03 април 2019 година се одржа втората дводневна обука за подобрена комуникација со ранлива група на граѓани со претставници од општините Куманово, Штип, Велес, Кочани и Кичево.
На обуката учесниците имаа можност да ги надоградат и да ги зајакнат своите комуникациски вештини за да им помогнат на Ромите во пристап до управна правда се со цел да се завршат постапките за легализација.
Преку презентации и вежби со користење на методологијата Points of You беше претставена важноста на комуникација како процес и алатка во воспоставување на релација со ромската заедница. Техники на мотивација, професионална етика и лидерство како и стратегии и алатки за надминување на конфликтни ситуации беа дел од агендата на обуката.
Обуката ја спроведуваа две обучувачки Весна Кардалевска и Марија Акимовска во соработка со проектниот тим.
****
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерските организации Здружение Симбиозис 12 Куманово и Здружение ОРМ Бела Кула Кичево и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.