Претставници на ромски граѓански здруженија ги зајакнаа своите знаења за постапката за легализација на втората обука која се одржа на 04 и 05 декември во рамките на проектот „Поддршка за легализација на ромско домување“.
Преку практични примери и вежби учесниците имаа можност да ја анализираат документацијата потребна за постапката за утврдување на правен статус на бесправни објекти, пречките и проблеми кои можат да настанат во постапката како и окончување на постапката за легализација.
Работилницата ја спроведуваа двајца обучувачи во соработка со проектниот тим.
****
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерските организации Здружение Симбиозис 12 Куманово и Здружение ОРМ Бела Кула Кичево и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.