Во рамките на проектот „Акција за легален дом” се одржаа 5 информативни денови за доделување на под-грантови во општините Куманово, Кичево, Штип, Прилеп и Велес, на кои претставниците од ромски граѓански оргранизации поставуваа прашања во врска со повикот и имплементација на проектите.
Проектниот менаџер го презентираше повикот за под-грантови, пријавата за под-грант, предлог буџетот и временската рамка. Сите заинтересирани ромски граѓански организации кои се заинтересирани за аплицирање на повикот можат да поставуваат прашања електоронски најдоцна до 20.02.2019 год. на следните адреси: [email protected] и [email protected]
Крајниот рок за поднесување на апликации е до 28 февруари 2019 година до 15 часот.
Повикот за под-грантови е дел од проектот „Поддршка за легализација на ромско домување” кој го имплеметираат Национален ромски центар од Куманово со партнерски организации Симбиозис 12 и ОРМ Бела Кула со поддршка на Европската Унија.
****
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерските организации Здружение Симбиозис 12 Куманово и Здружение ОРМ Бела Кула Кичево и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.