Во рамките на проектот  „Поддршка за легализација на ромско домување„ со финансиска поддршка на  Европската Унија, Национален ромски центар во партнерство со Симбиозис 12 и ОРМ Бела Кула  доделија 5 под-грантови за зајакнување на капацитетите на помалите граѓански здруженија во времетраење од 6 месеци.

На 20 март 2019 година се одржа првата еднодневна обука за зајакнување на капацитети на под-грантистите за финансиско и административно работење. Учесниците имаа можност на обуката да ги зајакнат своите знаења со правилата и начинот на имплементација на проекти финансирани од Европската Унија како и да ги зајакнат своите капацитети за финансиско и административно работење.

Кратко резиме на под-грантовите:

Здружение Ромски Деловен Информативен Центар од Скопје – Подобрување на условите на домување на Ромите преку организирање на кампањи за подигнување на свеста за правото на соодветно домување.

Здружение за Перспективна Интеграција и Развој „Рома Перспектив„ од Прилеп- пристап до легално домување за Роми во општина Прилеп.

Здружение Ромски центар ,,Романо вило” од Кочани- придонес кон подобрување на условите за домување на ромското население во општина Кочани

Здружение за ромско-турско пријателство „Ромско Јато„ од Битола – подигнување на свеста кај Ромите за домување и зголемена застапеност на истите во процесот на легализација и оставрување на нивните права.

Ромска асоцијација за еднакви права „РОТА”  од Штип – придонес кон зголемена информираност на ромската заедница за правото на домување и зголемена сезнибилност на институциите за решавања на проблемите од областа на домување.

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерските организации Здружение Симбиозис 12 Куманово и Здружение  ОРМ Бела Кула Кичево и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

DSC_0728

DSC_0768

DSC_0843

DSC_0729

 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*