Во рамките на проектот „Поддршка за легализација на ромско домување” на 14 и 15 мај 2019 година се одржа третата обука за подобрена комуникација со ранлива група на граѓани со претставници од општините Куманово, Штип, Велес, Кичево и Министерство за транспорт и врски.
Преку презентации, вежби и практични примери како и со користење на методологијата Points of You беше претставена важноста на комуникација како процес и алатка во воспоставување на релација со ромската заедница во конкретни постапки во пристап до управна правда и надминување на бариери а, се со цел да се завршат постапките за легализација.
Учесниците исто така имаа можност да ги споделат меѓусебно своите специфични искуства и знаења во постапката и процесот на легализација на ромското домување.
Обуката ја спроведуваа две обучувачки Весна Кардалевска и Марија Акимовска во соработка со проектниот тим.
****
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерските организации Здружение Симбиозис 12 Куманово и Здружение ОРМ Бела Кула Кичево и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.