Почитувани,

Здружение Национален Ромски Центар (НРЦ) од Куманово објавува „Барање за доставување на понуди за експертиза за подготовка на водич за ромските граѓански организации за права поврзани со легализацијa и ранливи групи“ повикувајќи ги сите квалификувани субјекти, да поднесат понуди:

 1.Општи услови

 Набавувач на услуги: ЗГ „Национален Ромски Центар“ НРЦ од Куманово со седиште во Куманово ул. „Доне Божинов“ бр. 11/5.

  • Предмет на набавка: подготовка на водич за ромските граѓански организации за права поврзани со легализацијa и раниливи групи

                   Вид на договорот за набавка: услуги

                   Период на извршување: декември 2018 – јануари 2019

1.З.Национален Ромски Центар го спроведува проектот „Поддршка за легализација на ромско домување“ со поддршка на Европската Унија и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање преку својата интернет адреса како и преку социјалните мрежи, до сите квалификувани субјекти во Република Македонија заради добивање на соодветни понуди за ангажман опишан подолу во барањето.

Главната цел на проектот е подобрување на условите за домување на Ромите во Република Македонија преку поддршка на ромските семејства во процесот на легализација на нивните домови.

Проектните активности се имплементираат во 5 општини во Македонија: Куманово, Кочани, Кичево, Штип и Прилеп.

1.4. Понудувач може да биде секое правно или физичко лице кое ги исполнува условите од ова Барање за доставување на понуди, во смисла на образование и претходно работно искуство.

1.5 Понудувачот е должен да достави:

  • професионална биографија во која ќе бидат наведени најмалку 3 референци за исполнување на обврските од повикот
  • мотивационо писмо
  • предлог методологија за извршување на наведените обврски
  • предлог цена (во МКД) за извршување на обврските од предмет договорот.

 1.6 Потребни квалификации и искуство:

  • Диплома од високо образование, општествени науки
  • Најмалку 3-годишно работно искуство со граѓански организации
  • Најмалку 3-годишно работно искуство во областа на домување, легализација, бесплатна правна помош, имотно-правни односи и други области во правото
  • Искуство со лица кои се социјално исклучени ќе се смета за предност

1.7 Локација

  • Р. Македонија

1.8. Опис на обврски:

  • Подготовка на водич за ромски граѓански организации за правата поврзани со легализација во кој ќе обезбедат детални информации во врска со правната рамка и процедури за легализација, правна рамка за бесплатна правна помош и методи и вештини за работа со ранливи групи
  • По потреба соработка и комуникација со мрежа на адвокати ангажирани во рамките на проектот
  • По потреба комуникација и размена на информации со експерти во полето на домување
  • Комуникација и соработка со проектниот тим за подготовка на водичот
  • Подготовка на водич за ромски граѓански организации од 50 – 70 страни

1.9 Критериуми за избор на најповолен понудувач:

  • личното искуство на понудувачот
  • квалитетот на предложената методолија
  • цена за понудената услуга

1.10 Плаќање и рамка

Исплатата ќе се изврши по успешното спроведување на задачите и навремена достава на документите предвидени со договорот во рок од 10 дена.

Максимален број на денови предвидени за ангажирање е 15 дена во рок од 2 месеци.

Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следните адреси [email protected], [email protected] најдоцна до 10.10.2018 година.

 Куманово

26.09.2018

 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*