Во рамките на проектот „Зајакнување на ромската жена во РСМ” кој се имплементира со поддршка на We Effect, на 10 и 11 декември во Хотел Хармонија во Куманово, Здружението Национален ромски центар одржа работилница за Партиципативна самопроценка за организации – ОКТАГОН. Учесници на работилницата ОКТАГОН беа вработените на Здружението НРЦ и локалните технички асистенти од Куманово, Кичево, Кочани, Штип, Прилеп и Велес.
Октагон претставува алатка што и помага на организацијата да се согледа себеси, каде се наоѓа организацијата сега, што треба да се промени и како да се постигнат посакуваните цели.