Работилницата за Партиципативна самопроценка за организации – Октагон се одржа на 06 и 07 јули, 2021 година, во Хотел Етно Село во Куманово, со цел остварување на активностите во рамките на проектот „Организациски развој на НРЦ и подобрени способности за вработување и претприемништво кај Ромите, особено кај жените и младите “, со поддршка на We Effect. Цели на проектот се: .

  1. Зголемени капацитети и пристап до пазар на труд за Ромите, да ги искористат можностите за вработување и бизнис можностите  на  пазарните системи.
  2. Зголемени организациски капацитети на Здружението Национален  ромски центар.

Работилницата имаше за цел  да се разбере каде се наоѓа организацијата сега, што треба да се промени и како да се постигнат посакуваните цели, преку користење на октагон алатка која се користи за фокус групи: менаџмент, вработени, членови, носители на права кои учествуваат во самопроценката, притоа фокусирајќи се на слабостите и постапувањата повеќе отколку на она што е добро. На двете октагон работилници присуствуваа вработени на НРЦ,  членови на Управен Одбор, членови на локални парнерски организации и носители на права.

О

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*