Во рамките на проектот „Зајакнување на ромската жена во РСМ” кој се имплементира со поддршка на We Effect, во месец октомври 2020 г. се одржаа зоом сесии за кариерно советување и поддршка за пристап до можности за вработување. Зоом сесиите ги одржа надворешниот експерт за кариерно советување Весна Кардалевска, а учествуваа жени и девојки Ромки и млади Роми од Куманово, Кичево, Кочани, Штип, Прилеп и Велес.

На зоом сесиите за кариерно советување учесничките и учесниците имаа можност да добијат поддршка во процесот на барање работа, подготовка на професионална биографија и мотивациско писмо, информации за платформи и места за барање работа во РСМ, како и подготовка за работно интервју.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*