Во рамките на проектот „Зајакнување на ромската жена во РСМ” кој се имплементира со поддршка на We Effect, на 20 октомври 2020 г. се одржа обука за заштита на права од работен однос. Обуката ја одржа Адвокатката Евгенија Алексовска, а учесници беа локалните технички асистенти од Куманово, Кичево, Кочани, Штип, Прилеп и Велес, заедно со проектниот тим.
Дефиниција на работните односи, забрана на дискриминација, договор за вработување, обврски на работникот во врска со вршење на работата и обврски на работодавачот, начини на престанување на важноста на договорот за вработување, плаќање на работата, работно време, паузи и одмори, надомест на штета и судска заштита беа дел од агендата на обуката каде што учесниците и учесничките имаа можност да ги зајакнат своите знаења и информации за заштита на права од работен однос и да ги применат во понатамошната работа со целната група.