Здружение Национален Ромски центар (НРЦ) од Куманово објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1 Набавувач на услуги: ЗГ “Национален Ромски Центар” со седиште во Куманово ул. „Доне Божинов“ 11/5.

1.2 Предмет на барањето: Барање за прибирање на понуди за фризерска и опрема за маникир и потрошен материјал

1.З. „Национален ромски центар“ (НРЦ) го спроведува проектот „Зајакнување на ромската жена во Република Северна Македонија” финансиран со подршка на We effect, и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање до сите регистрирани правни субјекти во државата заради набавка на фризерска и опрема за маникир и потрошен материјал.

1.4. Набавката на ова Барање е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки.

2. Понуда

  • Понудата треба да содржи информации за набавка на следните производи:
  • фен за коса од мин 2.000 W
  • преса за коса
  • фигаро
  • сет од четки за фенирање на коса
  • 2 печки за маникир
  • електрична турпија за нокти
  • потрошни материјали за фризерски услуги (25 фарби за коса, 5 хидрогени, 3 кутии бланш, 20 сетови шноли и украси за коса, 30 пара ракавици за работа, 6 професионални шампони, 6 кондиционери, 6 лакови за коса, 3 пакувања силиконски капки, 3 колор шампони)
  • потрошни материјали за маникир (1 ацетон, 35 парчиња гелови за нокти, 10 парчиња основен гел, 10 турпии за нокти, 2 кутии типсови за нокти, 15 парчиња лепак за нокти, 10 пакувања декоративни лепенки, 10 тупфери, 15 парчиња топ коат гел, 3 пакувања алкохол за нокти)
  • потрошни материјали за козметика (3 пудри, 3 маскари, 3 туш за очи, 2 сетови сенки, 2 сетови руменило, 3 моливчиња за шминкање, 5  кармини)

3. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

  • Цена
  • Квалитет

Цената носи максимум 80 бодови, квалитетот носи максимум 20 бодови. За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.

4. Облик и содржина на понудата

4.1 Понудата се изработува во писмен облик со понудена цена во денари

4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт

4.3 Карактеристики на понудата

4.4 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите

4.5 Рок и начин на плаќање

Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса [email protected] и [email protected] најдоцна до 29.03.2021 година до 16 часот. Дополнителни информации може да побарате на [email protected] или на телефон: 076280530.

Куманово   19.03.2021       Финансии и администрација   
  Славица Ќурчинска 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*