25.12.2020

Почитувани,

Здружение Национален Ромски центар (НРЦ) од Куманово објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1 Набавувач на услуги: ЗГ “Национален Ромски Центар” со седиште во Куманово ул. „Доне Божинов“ 11/5.

1.2 Предмет на барањето: Прибирање понуди за печатење на извештај„15 години работана здружението Национален Ромски Центар„

1.З. „Национален ромски центар“ (НРЦ) го спроведува проектот КОВИД 19 /Заштита на работнички права на работници со ниски примања” финансиран со поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија, и заради остварување на планираните проектни активности го објавува овој повик.

1.4. Набавката на ова Барање не е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги.

2. Понуда

2.1  Ќе бидат печатени 2 извештаи, еден на македонски и еден на англиски јазик. Секој од нив ќе има максимум по 30страни. Понудувачот треба да достави понуда согласно потребите на набавувачот:

број на страници за печатење: 1*30 страни; 1*30 страни

формат: А-5

вид на хартија: 200 грамска

техника на печатење: фул колор, двострано печатење

број на примероци: вкупен број на примероци 290*30 страни, 250 примероци на македонски јазик, и 40 примероци на англиски јазик

прилог: линк до веб страна или друг извор каде може да се видат производите или достава на примерок доколку понудата се доставува лично

3. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

  • Цена
  • Квалитет

Цената носи максимум 80 бодови, квалитетот носи максимум 20 бодови.За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.

4. Облик и содржина на понудата

4.1 Понудата се изработува во писмен облик со понудена цена во денари

4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт

4.3 Карактеристики на понудата

4.4 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите

4.5 Рок и начин на плаќање

Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса [email protected]најдоцна до 30.12.2020 годинадо 12 часот.

Куманово   25.12.2020       Национален Ромски Центар   

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*