Во петок, 4 декември 2020 година, по повод 10 декември – Денот на Човековите Права, Извршниот директор на Националниот Ромски Центар (НРЦ), Ашмет Елезовски  оствари средба со Министерот за Правда Бојан Маричиќ на која се разговараше за пристап до права на граѓаните од Ромската етничка заедница, прогресот во однос на преговорите за влез на Македонија во ЕУ од аспект на човекови права и слободи како и моменталните политики и практики во однос на дискриминацијата и начини на намалување на истата.

Министерот за правда напомена дека Република Северна Македонија (РСМ) има закони и регулативи со кои се овозможува на сите граѓани еднаков пристап до права. Во 2010 година Македонија донесе и посебниот закон за спречување и заштита од дискриминација. Исто така е потписничка на повеќе меѓународни договори, конвенции и регулативи со што се потврдува желбата и посветеноста на државата кон  ЕУ. 

“Во изминатите години бевме високо рангирани во однос на пристапот до и остварување на правата на сите граѓани од сите етнички заедници, но за жал од неодамна се појавија бариери кои се надеваме дека со аргументирани факти ќе успееме да ги надминеме а со тоа да се зачува нашата гордост и идентитет на мултиетничка држава„ рече Министерот Маричиќ  “

Ашмет Елезовски рече дека до пред некоја година Ромите од РСМ во однос на пристапот до човекови права котираа високо во однос на соседните држави а и генерално во Европа. За таквиот состојба беа одговорни Ромските активисти, политичари и амбасадори кои промовираа политики за заедништво, интеграција и вклучување.

За жал денес Ромите се соочуваат со висок степен на распространета дискриминација и нерамноправност кон нив. Во ромската заедница владее чувство на исклученост и изолираност, па дури од процеси кои се од фундаментално значење за соживот, коегзистенција и за иднината на РСМ. Тоа треба да биде променето веднаш и вклучување на Ромите во важни политички процеси да прерасне во практика. На крајот на денот РСМ е и наша татковина.

Елезовски го информира Министерот дека Здружението НРЦ од 2011 е членка на мрежата на овластени здруженија за бесплатна правна помош. Исто така канцеларијата на НРЦ се труди да обезбедат  правна, социјална, образовна и економска помош со цел постигнување на рамноправност и намалување на дискриминацијата кон заедницата. Фондацијата Отворено Општество Македонија финсиски ја поддржува оваа активност заедно со други донатори.

На крајот на средбата Ашмет Елезовски побара од Министерот Ромското прашање на биде третирано рамноправно со другите етнички заедници и Ромите да бидат задолжително вклучени во сите политички процеси важни за Македонското општество. Исто така побара Министерството да го подобри и интензивира својот мониторинг во однос на пристап до права и дискриминација со цел да се намали нееднаквиот пристап кон сите граѓани а особено кон сиромашните граѓани, во кој најголем дел спаѓаат Ромите и да се врати довербата во институциите од страна на граѓаните.

Министерот Маричиќ  рече дека Ромите имаат прво на еднаквост на сите полиња од живото, и дека тие историски се првите  кои беа и треба и во иднина да бидат вклучени во сите политички процеси важни за развојот на општеството каде што живеат и творат.

“Дозволете ни сите да покажеме подготвеност да ја промениме состојбата со Ромите со толеранција и вклученост.„ Рече на крајот Министерот.

Состанокот со Министерот за правда беше организиран во рамките на националната кампања “Ромска гордост – ДОСТА“ и од 15 годишниот Јубилеј на работа на НРЦ. Кампањата “Ромска гордост – ДОСТА“ е финансиски поддржана од Ромскиот сектор при Советот на Европа.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*