Здружение Национален ромски центар (НРЦ) објавува „Повик за ангажирање на технички асистенти“ повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:
1.Општи услови
1.1. Набавувач на услуги Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште на ул. Доне Божинов бр. 11/5, Куманово.
1.2. Предмет на барањето: Прибирање пријави за ангажирање на технички асистенти
1.3.Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово го спроведува проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ со финансиска поддршка на We Effect и Шведска Амбасада.
Цели на проектот
Општа цел на проектот е подобрен социо-економски статус и социјална вклученост на жените Ромки и млади Роми во Северна Македонија
Специфични цели на проектот се:
1. Организациски развој на Националниот ромски центар (НРЦ) во родова рамноправност и вклучување на родовите аспекти во главните политики
2. Економско зајакнување на Ромите, со фокус на жени и девојки
3. Зголемување на пристапот до правда за жените Ромки, девојчињата и момчињата и застапувањето базирано на пристапот базиран на човекови права на локално и национално ниво
4. Зголемена мобилизација на пристап до мерки за вработување и активирање на пазарот на трудот на Ромите, особено на младите
5. Зголемен пристап до заштита на работничките права врз основа на пристап базиран на човекови права (HRBA) на локално и национално ниво
Во рамките на проектот ќе треба да се остварат следниве резултати:
- Зголемена поддршка за функционирање на 2 социјални претпријатија
- Достапна поддршка за развој на социјални иницијативи за зајакнување на младите, жените Роми и девојчиња
- Подобрени вештини за методи за барање работа и информации за можности за вработување
- Обезбедување за достапност и пристапност на мерки за понатамошно развивање на нивните квалификации
- Зголемена информација и засилени капацитети на жени и девојчиња Роми за заштита од родово базирано насилство
- Зголемени капацитети на Ромите за достапност и пристапност за заштита на права од работен однос
1.4. За потребите на проектот јавно го објавуваме ова барање преку својата интернет адреса: www.nationalromacentrum.org
Понудувачот со поднесување на оваа понуда се обврзува дека важењето на понудата под пропишаните услови ќе биде до завршување на проектот 31.12.2020 година
1.5. Понудувачот треба да ги исполни следниве услови:
- Завршено средно образование
- Минимум 3 годишно работно искуство со граѓански организации и/или минимум 1 година искуство со ромски граѓански организации, Роми/Ромки;и/или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
- Познавање на Microsoft Office и обезбеден пристап до интернет.
- Дигитална писменост за користење на современи алатки за комуникација (Zoom, BlueJeans, и други)
2. Пријава
Понудувачот треба да достави:
- Работна биографија;
- Писмо за интерес со краток опис кој ќе докаже дека поседува соодветно знаење и искуство за спроведување на активностите предмет на повикот во кое ќе истакнете 3 3 годишно работно искуство со граѓански организации и/или минимум 1 година искуство со ромски граѓански организации, Роми/Ромки;и/или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
- Понудена бруто цена за ден (8 работни часа)
3. Опис на позиција: Повик за ангажирање на технички асистенти
Број на позиции:
- 2 технички асистенти (по 1 за Кичево и Кочани)
Времетраење: во период октомври – декември 2020 година.
Работни задачи за потребите на проектот „Зајакнување на жени Роми во Република Северна Македонија“
Селектираниот субјект ќе треба да ги постигне следните резултати, задачи и одговорности:
Ангажманот вклучува имплементација на активности поврзани со логистичка поддршка, контакт со учесниците, комуникација со локалното ромско население и други проектни активности како компонента во рамки на проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ во текот на 2020 година. Согласно проектните документи ангажманот ќе биде во период октомври – декември 2020 година.
Ангажманот е со следниве задачи и одговорности во проектот Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија:
- Споведување на проектни активности за и со жени Ромки и млади Роми во координација со проектниот тим во 6 општини (Куманово, Кочани, Кичево, Штип, Прилеп и Велес)
- Логистичка поддршка на локално ниво (Куманово, Кочани, Кичево, Штип, Прилеп и Велес)
- Теренска работа и комуникација со ромското население на локално ниво (Куманово, Кочани, Кичево, Штип, Прилеп и Велес)
- Подготовка, реализација и учество на обуки, работилници и состаноци и сл. кои произлегуваат од проектот
- За оваа активност е предвиден ангажман во период септември-декември (буџетска ставка А13)
- Изработка и достава на месечни извештаи за спроведени активности и пополнет образец time sheet
- Прифаќање и почитување на принципите и етичките вредности на организацијата
- Комуникација и соработка со сите лица вклучени во проектот
- И други работи за потребите на проектот
Здружение „Национален ромски центар“ со избраниот субјект ќе склучи договор за соработка. Извршителот ќе биде ангажиран по потреба еден ден 8 работни часови или повеќе денови во тек на еден месец. Исплатата ќе се врши на месечно ниво по доставен и одобрен извештај и timesheet.
4. Критериуми за избор на најповолен понудувач:
Критериум за избор на најповолен понудувач е квалитетот и личното искуство на понудувачот согласно бараните критериуми.
Работна биографија – 40 поени
Искуство и квалитет – 40 поени
Понудена бруто цен на ден – 20 поени
Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следните адреси [email protected] и [email protected] најдоцна до 30.09.2020 година до 16:00 часот.