Рок за пријавување е 15 септември 2020

Техничката поддршка е наменета за претставници на здруженија на граѓани

Национален ромски центар (НРЦ) објавува повик за техничка поддршка на граѓански организации кои сакаат да работат во областа на бесплатна правна помош.

Заинтересирани граѓански организации ќе добијат техничка поддршка од надворешни експерти со искуство во областа на бесплатната правна помош.

На овој начин ќе се обезбеди поддршка на локалните ГО кои работат со Роми и/или ранливи категории на граѓани за градење на капацитети во обезбедувањето на примарна бесплатна правна помош преку програма за проценка на специфични потреби на ГО за техничка помош и пружање на техничка помош. Проценката на специфичните потреби ќе треба да ги покаже реалните потреби на граѓанските организации за пружање на примарна правна помош и нивните потреби. Понатаму преку техничка поддршка ќе се информираат за функционирање на системот за бесплатна правна помош.

Техничката помош ќе вклучува поддршка за административна работа со корисниците, правна работа, вклучително и работа со ранливи групи. Во рамките на проектот, ќе бидат обезбедени најмалку 60 дена за техничка помош за ГО на ниво на целата држава. Техничката помош ќе се одржува преку индивидуални и групни средби со граѓанските организации кои учествуваат во програмата, а редовната комуникација ќе се одржува преку телефон, електронска пошта и онлајн видео конференција.  Понатаму во рамки на техничката поддршка ќе се работи и на подготовка и создавање на неопходни услови и документација согласно Законот за бесплатна правна помош кој се однесува на ГО за градење на капацитети за пружање на примарна правна помош. Со техничка помош ќе бидат опфатени граѓански здруженија од територијата на целата држава.

Техничката поддршка ќе се пружа во период септември-декември 2020 година во зависност од потребите на здружението. Динамиката на состаноците ќе се одреди според потребите на претставниците на граѓанските организации кои ќе се пријават на повикот.

Повикот е отворен за сите заинтересирани граѓански организации до 15 септември 2020 година.

Заинтересираните граѓански организации може да се пријават преку пополнување на Барање за техничка поддршка и негово поднесување на[email protected]

Превземи пријава

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*