Здружение Национален ромски центар (НРЦ)  објавува „Повик за ангажирање на адвокат/ка правно советување и пружање на правна помош на жени Ромки и девојчиња за заштита на права од работен однос“ повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1. Набавувач на услуги Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште на ул. Доне Божинов  бр. 11/5, Куманово.

1.2. Предмет на барањето: Прибирање пријави за ангажирање на адвокат/ка правно советување и пружање на правна помош на жени Ромки и девојчиња за заштита на права од работен однос

1.3.Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово го  спроведува проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ со финансиска поддршка на We Effect.

Цели на проектот

Општа цел на проектот е подобрен социо-економски статус и социјална вклученост на жените Ромки и млади Роми во Северна Македонија

Специфични цели на проектот се:

1. Организациски развој на Националниот ромски центар (НРЦ) во родова рамноправност и вклучување на родовите аспекти во главните политики

2. Економско зајакнување на Ромите, со фокус на жени и девојки

3. Зголемување на пристапот до правда за жените Ромки, девојчињата и момчињата и застапувањето базирано на пристапот базиран на човекови права на локално и национално ниво

4. Зголемена мобилизација на пристап до мерки за вработување и активирање на пазарот на трудот на Ромите, особено на младите

5. Зголемен пристап до заштита на работничките права врз основа на пристап базиран  на човекови права (HRBA) на локално и национално ниво

1.4. За потребите на проектот јавно го објавуваме ова барање преку својата интернет адреса: www.nationalromacentrum.org

Понудувачот со поднесување на оваа понуда се обврзува дека важењето на понудата под пропишаните услови ќе биде до завршување на  проектот 31.12.2020 година

1.5. Понудувачот треба да ги исполни следниве услови:

  • Завршено високо образование – Правен факултет со минимум 240 кредити
  • Лиценца за работа за адвокат издадена од Адвокатска комора на РСМ,
  • Минимум 3 годишно непрекинато работно искуство  како адвокат со издадена лиценца од адвокатска комора на РСМ
  • Познавање на домашно и меѓународно законодавство и правни инструменти за заштита на права од работен однос
  • Минимум 3 годишно работно искуство со граѓански организации и/или минимум 1 година искуство со ромски граѓански организации, Роми/Ромки;и/или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
  • Почитување на општоприфатени начела за професионална етика на адвокатурата и Кодексот за професионална етика на адвокатите во однос на странката и кон предметот
  • Познавање на Microsoft Office и обезбеден пристап до интернет.
  • Дигитална писменост за користење на современи алатки за комуникација (Zoom, BlueJeans, и други)

2. Пријава

Понудувачот треба да достави:

  • Работна биографија;
  • Лиценца за работа за адвокат издадена од адвокатска комора на РСМ
  • Копија од адвокатска легитимација
  • Писмо за интерес со краток опис кој ќе докаже дека поседува соодветно знаење и искуство за спроведување на активностите предмет на повикот;
  • Примероци/ референци од претходна работа за спроведени минимум 3 слични работни задачи во последните 5 години;
  • Изјава за минимум 3 годишно работно искуство во работа со граѓански организации и/или минимум 1 година искуство во работа со ромски граѓански организации, Роми/Ромки; и/или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
  • Тековна состојба во оригинал не постара од 6 месеци;
  • Понудена бруто цена за советување по ден со вклучени патни трошоци и превземање на дејствија по АТ  

3. Опис на позиција:  Повик за ангажирање на адвокат/ка правно советување и пружање на правна помош на жени Ромки и девојчиња за заштита на права од работен однос

Број на позиции:

  • Едно правно лице

Времетраење: во период септември – декември 2020 година.

Работни задачи за потребите на проектот „Зајакнување на жени Роми во Република Северна Македонија“

Селектираниот субјект ќе треба да ги постигне следните резултати, задачи и одговорности:

Ангажманот вклучува имплементација на активности поврзани со пружање на правни совети и застапување и превземање на постапки за жени Ромки и девојчиња за заштита на права од работен однос како компонента во рамки на проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ во текот на 2020 година. Согласно проектните документи ангажманот ќе биде во период септември – декември 2020 година.

Ангажманот е со следниве задачи и одговорности во проектот Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија:

  • Правно советување на жени Ромки и девојчињата во областа на работни односи и заштита на права од работен однос (Куманово, Кочани, Кичево, Штип, Прилеп и Велес)
  • Пружање бесплатна правна помош на жените и девојчињата во 6 општини за заштита на права од работен однос (Куманово, Кочани, Кичево, Штип, Прилеп и Велес)
  • Составување на исправи за правни дела, составување на поднесоци за судски, управни и други постапки имајќи ги во предвид сите законски, подзаконски и меѓународни акти од областа на заштита на права од работен однос
  • За оваа активност е предвиден ангажман во период септември-декември (буџетска ставка 5.2.1.5)
  • По потреба ќе патува во локациите вклучени во проектот, но и надвор од Северна Македонија доколку има потреба 
  • Изработка и достава на месечни извештаи  за спроведени активности и пополнет образец time sheet
  • Прифаќање и почитување на принципите и етичките вредности на организацијата
  • Комуникација и соработка со сите лица вклучени во проектот
  • И други работи за потребите на проектот

Здружение „Национален ромски центар“ со избраниот субјект ќе склучи договор за соработка.  Адвокатот има право на награда и надоместок на трошоци за извршената работа во вршење на адвокатска дејност според Тарифата за награда и надоместок на трошоци за работа на адвокатите.

4. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

Критериум за избор на најповолен понудувач е квалитетот и личното искуство на понудувачот согласно бараните критериуми.

Работна биографија – 40 поени

Искуство и квалитет – 60 поени

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следните адреси [email protected] и [email protected]  најдоцна до 03.09.2020 година до 16:00 часот.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*