Национален ромски центар (НРЦ) објавува повик и ги поканува претставниците на граѓанските здруженија на дводневна обука за граѓански организации за зајакнување на капацитети за системот и обезбедување на бесплатна правна помош.
Обуката ќе се одржи во хотел „Амор“ во Кочани на 11 и 12 август 2020 година. Покриени се патни трошоците за обуката во висина на автобуски билет. Со оглед на актуелната состојба со КОВИД 19 сместување ќе биде во еднокреветени соби и ќе бидат превземени сите превентивни мерки за безбеден престој на учесниците.
Заинтересираните претставници на граѓански организации може да сепријават до 7ми август 2020 година со пополнување и испраќање на пријава за учество на [email protected]