Здружение Национален Ромски центар (НРЦ) од Куманово повторно објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:
1.Општи услови
1.1 Набавувач на услуги: ЗГ “Национален Ромски Центар” со седиште во Куманово ул. „Доне Божинов“ 11/5.
1.2 Предмет на барањето: Прибирање понуди за набавка на дигитален фотоапарат
1.З. „Национален ромски центар“ (НРЦ) го спроведува проектот “Зајакнување на ромската жена во Република Северна Македонија” финансиран со подршка на We effect, и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање до сите регистрирани правни субјекти во државата заради набавка на дигитален фотоапарат.
1.4. Набавката на ова Барање е неделива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес и квалитет на понудените стоки и услуги.
2. Понуда
2.1 Понудувачот треба да достави понуда која согласно потребите на набавувачот треба да содржи:
- Понуда за набавка на дигитален фотоапарат со следните карактеристики:
- Min 20 megapixel,
- 10x-20 optical zoom,
- Optical image stabilization,
- LCD display,
- HDMI, USB AV out,
- SDHC slot+2-4 GB internal memory.
- Напојување – литиумска батерија со полнач
- Торба за транспорт
- Гаранцијата да е минимум 24 месеци
- Максимален износ: 30.000 мкд (со вклучен ДДВ)
3. Критериуми за избор на најповолен понудувач:
- Цена
- Квалитет
Цената носи 55 и квалитетот носи 45 бодови. Квалитетот се определува врз основа на: техничките карактеристики на понудените производи. За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.
Квалитетот на понудените стоки и услуги ќе се оценува на начин што ќе се анализираат и дополнителните услуги кои ги нуди понудувачот, доколку ги има.
Доколку се исполнети сите барања се смета дека квалитетот е постигнат во целост. Бодувањето на понудените цени се определува согласно проценетиот сооднос на најниската и највисоката понуда.
4. Облик и содржина на понудата
4.1 Понудата се изработува во писмен облик
4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт.
4.3 Карактеристики на понудата
4.4 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите.
4.5 Рок и начин на плаќање
Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса [email protected] и [email protected] најдоцна до (петок) 26.06.2020 година до 16 часот.