Ранливи категории на граѓани од куманово добија маски и прехранбени хигиенски пакети

Националниот Ромски Центар(НРЦ) донираше маски, прехранбени и хигиенски пакети на ранливите категории граѓани во Куманово. Како што информираа од НРЦ, поделени се повеќе од 500маски и над 400пакети со храна и хигиенски средства

Националниот Ромски Центар (НРЦ) донираше маски, прехранбени и хигиенски пакети на ранливите категории граѓани во Куманово. Како што информираа од НРЦ, поделени се повеќе од 500 маски и над 400 пакети со храна и хигиенски средства.

– Помошта е обезбедна од Фондацијата Отворено Општество и дополнително од здравствената програма и иницијатива за човекови права, од Фондација Отворено Општество. Се надевам дека ја ублаживме оваа состојба. Поделени се на ранливите категории граѓани во сите населби во градот. Сирмаштијата не бира по националност, а за жал во овој период дополнително се продлабочува, изјави, извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски.

Акциите за поделба на маските и на пакетите, НРЦ ја реализирал во координација со Црвениот Крст Куманово.
Според Елезовски, во овој период битно е да се истакне дека покрај пандемијата, расте и бројот на сиромашни лица.

-Стравуваме дека бројот на сиромашни лица ќе се зголеми, доколку продолжи оваа состојба. Потребна е и меѓународна поддршка, не само во прехранбени и хигиенски пакети, туку и во вид на ваучери кои ќе им ја олеснат живеачката на ранливите категории-вели Елезовски.

НРЦ, додаде, Елезовски ќе продолжи во соработка со донаторите да им помага на најсиромашните граѓани на Куманово и во државата. Во текот на неделава ќе бидат поделени и хигиенски средства наменети за бремените жени од Куманово, со поддршка на ХЕРА.

Куманово, 28 Април 2020 (МИА) https://mia.mk/ranlivi-kategorii-gra-ani-od-kumanovo-dobi-a-maski-i-prehranbeni-i-higienski-paketi/?fbclid=IwAR3u-GIL_DU2BRSbPrv8fBSwzX3l4-pfysjo4p47wj7QeQGOeQjk57Wn6z4

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*