Во рамките на проектот „Зајакнување на ромската жена во РСМ“ на 12 и 13 декември, во Хотел „Амбасадор“ Скопје беше организирана обука за застапување и лидерство за ромски девојки и жени од 6 општини, опфатени со проектот. На обуката, на која присуствуваа 15 Ромки, обучувачот Гордана Несторовска, со нив дискутираше за основниот концепт за застапување и лобирање, релевантни чинители,планирање на акција на застапување, како и потребни ресурси и капацитети.