Национален ромски центар во соработка со партнерската организација Симбиозис организираа првични информативни средби со претставниците на граѓанските здруженија од Куманово, Кочани, Кичево, Прилеп, Крива паланка и Штип. Проектниот тим ги информираше претставниците на здруженијата за имплементацијата на проектот „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правосудниот сектор“, планираните активности, како и основата за заедничка соработка. На средбата беа поделени промотивни материјали за проектот. Претставниците на 25 здруженија кои присуствуваа на средбите покажаа интерес за соработка, особено за претстојните обуки и регистрација во Регистарот за БПП во Министерството за правда.DSC_0084DSC_0090DSC_0101DSC_0104DSC_0108DSC_0129DSC_0132DSC_0147DSC_0151DSC_0171DSC_0182DSC_0184DSC_0203DSC_0205DSC_0209DSC_0211

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*