Национален ромски центар во соработка со партнерската организација Симбиозис организираа првични информативни средби со претставниците на подрачните единици на Министерството за правда во Куманово, Кочани, Кичево, Прилеп, Крива паланка и Штип. Проектниот тим ги информираше претставниците на МП за имплементацијата на проектот „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правосудниот сектор“, планираните активности, како и основата за заедничка соработка. На средбата беа поделени промотивни материјали за проектот. Претставниците на МП покажаа интерес за соработка, како и подготвеност да се спроведат измените во законот во најдобра можна динамика, пред се, во интерес на граѓаните.