На ден 26.11.2019 година, со почеток од 13:00 часот во големата сала на Општина Штип, се одржа трибина на тема,, Унапредување на учество на Ромите за урбанистичко планирање, организирана од страна на Национален Ромски Центар во рамки на проектот,,Унапредување на учество на Ромите во локалните политики за урбанистичко планирање,, финансиран од Фондација Отворено Општество Македонија.
Целта на трибината е да се подигне интерес за легалзиација како пристап до урбанизација која претставува континуиран процес за да се обезбеди хармонизација на просторот и унапредување на животната средина како и носење на одлуки на локално ниво.
На трибината се дискутираше за начини и можности со кои може да се допринесе кон подобрување на условите на ромското домување,за постапките за легализација, за бројот на поднесени и завршени барања за легализација, проблеми со кои се соочуваат ромската заедница во остварување на управна правда во постапките за легализација на нивните домови и урбанизација на ромските населби, во колку населби живеат најчесто ромските граѓани и дали тие населби се урбанизирани, односно вклопени во урбано-планската документација на општината.
На трибината присуствуваа: Граѓани од ромската заедница, Граѓански здруженија од општина Штип и Претставници на Локална Самоуправа од општина Штип.
„Содржината е единствена одговорност на на авторите и на грантистот, и на нниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество-Македонија“