Национален ромски центар во партнерство со Симбиозис 12 на 07.11.2019 организира завршен настан од проектот „Менување на наративите за Ромите во здравствените институции“ „Моето здравје е мое право“.
Завршниот настан е последна активност во имплементацијата на проектот со цел официјално да се промовираат: Алманахот со препораките и резултатите од активности од имплементацијата на проектот, третото креативно видео „Закажи го првиот преглед“. На настанот покрај промоцијата беа доделени сертификати за учество на работилниците за Креaтивно пишување, креативно видео и форум театар и беа прикажани „Краткото едукативно видео дискриминација во здравството“ и краткото креативно видео „Влијанија“ кои се изготвени и промовирани во рамките на проектот.
Имплементацијата на активностите од проектот „Менување на наративите за Ромите во здравствените институции“ „Моето здравје е мое право“ финансиски е поддржан од Фондацијата Отворено Општество Македонија.