На ден 05.11.2019 година, со почеток од 12:00 часот во големата сала на Општина Штип, се одржа трибина на тема,,Легализација како пристап до Урбанизација ,,организирана од страна на Национален Ромски Центар во рамки на проектот,,Унапредување на учество на Ромите во локалните политики за урбанистичко планирање,, финансиран од Фондација Отворено Општество Македонија.
Целта на трибината е да се подигне интерес за легалзиација како пристап до урбанизација која претставува континуиран процес за да се обезбеди хармонизација на просторот и унапредување на животната средина како и носење на одлуки на локално ниво.
На трибината присуствуваа: Граѓани од ромската заедница, Граѓански здруженија од општина Штип и Претставници на Локална Самоуправа од општина Штип.
„Содржината е единствена одговорност на на авторите и на грантистот, и на нниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество-Македонија“