Документот за политики ги претставува главните наоди и препораки од Истражувачкиот извештај: Достапност и пристап до услуги на поддршка за жени и девојки Ромки кои преживеале насилство врз жени во Кичево, Куманово, Велес, Штип, Кочани и Прилеп.
Насилството врз жени ги погодува жените од сите општествени групи и претставува кршење на нивните човекови права и дискриминација. Но, жените и девојки Ромки се изложени на посебни облици и на зачестено насилство од различен вид со што се мултиплицираат негативните последици. Насилството врз жените и девојките Ромки ја отсликува и родовата нееднаквост и структурната дискриминација со која се соочуваат. Насилството врз жените Ромки е засилено заради вкрстување на бројни фактори кои ја дефинираат положбата на жената Ромка во општеството и семејството. Сиромаштијата, исклученост од пазарот на труд, образование, ограничена социјална и здравствена заштита, соодветно домовување и згрижување на децата претставуваат препреки за излез од насилството и добивањето помош и поддршка.
Прифаќањето во поширокото општество на традиционалните вредности на ромската зедница како дадени и ‘својствени‘ за Ромите понатаму ја влошува состојбата со насилството врз жените и девојки Ромки и претставува структурна дискриминација. Оваа состојба резултира со зголемување на исклученоста на жените Ромки од поддршка и заштита од насилство врз жени и ги намалува нивните опции за излез од насилството во и надвор од нивната заедница.
Потребно е да се нагласи важноста од разгледувањето на борбата против насилство врз жените и децата (вклучително и при давање на специјализирани услуги на поддршка) во пошироката рамка дефинирана со меѓународните документи.
Со финансиска поддршка на UN Women – Tело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените, спроведено истражување од страна на Националниот ромски центар во рамки на проектот„ Поддршка на жени Ромки да се идентификуваат нивните потреби, да ги побараат своите права и да се зголеми нивниот пристап до услуги за жени кои преживеале насилство“.
Документот за политики може да се преземе во целост на следниот линк: dokument za politiki