На 16.03.2019 се оддржа втората работилница за креативно пишување во рамки на проектот „Менување на наративите за Ромите во здравствените институции“ „Мое здравје мое право“.
Работилницата за креативно пишување е последна од сетот од три работилници за креативно пишување на која зедоа учество 24 учесници.
На третата работилница за креативно пишување учесниците се едуцираа и за пишување на креативни приказни, инспирирани од посетите на здравствените установи на нивните пријатели, роднини, се уште присутната дискриминација и стереотипи од страна на мединициските работници кон ромската популација. Учесниците во групи и поединечно создаваа кратки приказни за достапноста на здравствените услуги за ромската етничка заедница, навидум на хартија бесплатното здравство и превисоки цени на одредени здравствени услуги
На работилницата во делот предвиден за запознавање со младите и здравството и бариери кои треба да се надминат за да се добијат квалитетни здравствени услуги. Младите беа запознаени со Сексуално и репродуктивно здравје и ризично однесување кај адолесцентите.
Имплементацијата на активностите од проектот „Менување на наративите за Ромите во здравствените институции“ „Мое здравје мое право“ финансиски е поддржан од Фондацијата Отворено Општество Македонија.