На 09.03.2019 се оддржа втората работилница за креативно пишување во рамки на проектот „Менување на наративите за Ромите во здравствените институции“ „Мое здравје мое право“.

Работилницата за креативно пишување е втора од сетот од три работилници за креативно пишување на која зедоа учество 22 учесници.

На втората работилница за креативно пишување учесниците имаа можност да го применат слушнатото во рамки на индивидуални и групни вежби, кои беа осмислени да ја поттикнат нивната креативност и меѓусебна соработка.

Работните сесии ги вклучуваа следните теми:

  • Што е креативно пишување?
  • Фази и елементи во креативното пишување
  • Развивање на текст, надминување на проблеми во процесот на пишување

Имплементацијата на активностите од проектот „Менување на наративите за Ромите во здравствените институции“ „Мое здравје мое право“ финансиски е поддржан од Фондацијата Отворено Општество Македонија.

1345678910111214

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*