Отворен информативен ден
08.08.2019 (четврток), 12:00 часот
Локација: Единство бр. 80, Крива Паланка
Национален ромски центар и Симбиозис 12 ќе организира отворена информативна средба на која може да присуствуваат сите граѓани. На средбата ќе се поделат промотивни материјали на граѓаните, ќе се споделат информации во врска со правната рамка и бесплатната правна помош обезбедена во рамките на проектот и ќе се соберат информации за можни последователни посети по куќи. Информативниот пункт ќе биде поставен на локација Единство бр. 80 Крива Паланка.
Во согласност со идентификуваните потреби на граѓаните, ќе се организираат дополнителни домашни посети и состаноци со правниот тим на проектот. Граѓаните кои се заинтересирани за повеќе информации за програмата за бесплатна правна помош ќе бидат упатени до правната служба на проектот.
Ве покануваме на ден 08.08.2019 година во период од 12.00 до 14.30 на локација Единство бр. 80 во Крива Паланка.
Вчера беше организиран отворен информативен ден во Куманово, на кој присутните граѓани имаа можност да се информираат за програмата за бесплатна правна помош. Лицата кои настапија со конкретни проблеми ќе бидат посетени од правната служба на проектот за конкретна правна помош.