На ден 24.07.2019 година во име на НРЦ, директор Ашмет Елезовски додели донација на Јавна Општинска Установа за Деца (ЈОУД) Ангел Шајче Куманово, детска градинка Развигорче.
Доделени се 8 детски столици, 3 детски маси, детско шаторче, тромболино мрежа, детска лулашка. Опремата е набавена во рамки на проектот Социјална инклузија на ромски жители и повратници во Македонија, поддржан од WE Effect од Шведска.
Децата приредија претстава во знак на благодарност , атмосферата беше позитивна. Директорката Марина Алексовска се заблагодари и се надева дека соработката ќе продолжи во иднина. Директорот на НРЦ изјави дека оваа опрема е набавена со поддршката од WE Effect од Шведска, во рамки на проектот Социјална инклузија на ромски жители и повратници во Македонија, кој беше имплементиран во 6 градови во Македонија. По завршување на проектот НРЦ одлучи овие предмети да се доделат на детската градинка и воедно испрати апел дека најдобра инвестиција и чувство е кога најмладите можеме да ги израдуваме. Извршниот директор и дел од тимот на НРЦ изјавија дека и понатаму ќе се трудат да изнајдат можности за вакви донации.