Кажи ни нешто за себе.
Моето име е Joan Komolafe. Имам 23 години, живеам во Њујорк. Студент сум на Tulane University, Правни студии, насока: меѓународни односи. Работам волонтерска работа во здружението Национален ромски центар.
Која е вашата улога во организацијата што ја претставувате?
Мојата улоги во организацијата:
Проектен менаџер на проектот Пристап до здравство: Прокет во износ од 55 илјади евра со времетраење од 18 месеци.
Помаш при уредување и работа на буџетот на организацијата за следните две фискални години.
Помош во развојот на партнерската организација за млади – Симбиоза 12 преку развивање биографии за членовите, помош при спроведувањето на апликациите за младинските можности на членовите за нивен професионален развој.
Помош во развојот и подобрување на одржливоста на годишен камп за млади Ромки, девојки.
Давање помош при пишувањето и спроведувањето на проектот за здравствените права на жените Ромики кои ќе помогнат да се развијат правата на жените Ромки на национално ниво.
Поддршка за организацијата, вклучувајќи и преведување и пишување извештаи .
Дали сте задоволни од вашата волонтерска работа во НРЦ?
Многу сум горд на односот што го имам воспоставено со сите во организацијата, кој се засноваат на меѓусебно почитување и комуникација .
Кое е башето најпозитивно искуство од вашата волонтерска работа во организацијата?
Еден од најголемите успеси што ги доживеав досега беше Roma Pride Day. Roma Pride Day беше настан организиран од организација како прослава на ромскиот идентитет, самодоверба и достоинство. Во рамки на проектот, учениците од основните и средните училишта и нивните наставници го поминаа денот за учење за стереотипите, дискриминацијата и културата заедно како и начините да зближат луѓето во нивната заедница. Овој настан беше успешен, бидејќи Ромите се нај маргинализираната група во земјата во која работам. Градот во кој живеам има најбројно население на Роми во земјата, а пред да почнам да работам во организација, ми беше кажано дека ромските организации се најтешки за работа. Успешното завршување на овој проект ги уништи сите одредби што ги слушнав за ромската заедница. Овој проект постигна мултиетничка соработка за прослава на разновидност и еднаквост, и сета таа работа со заедницата беше најголемиот успех што можев да го замислам.
Кои се вашите предизвици за вршење волонтерска работа?
Секогаш имам внатрешен предизвик да се осигурам дека правам доволно за мојата организација и да се осигурам дека тие се свесни за почит и восхит што го имам за нив, бидејќи тие секогаш се трудат да се чувствувам прифатено.