Од оддржаната прес конференција на 18 септември 2007 во Скопје(НВО Инфо Центар).
Националниот Ромски Центар неколку години на-назад преку своите активности се обидува да креи-ра позитивни текови во рамките на едукативното прашање на Ромите. Тековите се однесуваат на по-ефикасно и помасовно присуство во училишниот и образовниот процес. На прашањето на инклузијата на ромските деца во образовниот систем НРЦ работи во Македонија, но и надвор во партнерство со европ-ски ромски организации.
НРЦ се залага за целосна вклученост на ромските ученици во регуларното основно образование преку промоција на општествената одговорност за спороведување на образовната политика и елиминација или минимизирање на осипувањето на ромските ученици.
НРЦ, благодарение на поддршката од Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта, продолжува со кампањата која се реализира со основна цел:
- Да се зголеми бројот на запишани ромски ученици во основното образование преку подобрена институционална соработка на сите нивоа и зголемена свест за значењето на образованието во ромската заедница.
- Креирање дата база што ќе послужи како главна алатка на образовните институции во креирање на политиката за подобрување на ромското образование и мониторирање на напредокот на веќе запишаните ученици преку претходните проектни активности.
Резултатите од досегашните анализи укажуваат на драстично зголемување на бројот на ромски ученици и на родителската свест, но од друга страна овие факти се соочуваат само со декларативно изјаснување на државната волја за соработка. Ветената социјална заштита во поглед на учебници и финансиската поддршка за секој новозапишан ученик отсуствуваат и оваа година.
Измените во законот за образование, воведувањето деветолетка и задолжително средно образование дополнително ја усложнува ситуацијата со образованието на Ромите. Доколку не се преземат дополнителни активности за поддршка на ромските ученици ќе се наруши позитивниот тек што се појавува последниве две години. Во спротивно ќе следува влошување на состојбата на полето на здравството, вработувањето, деликвенцијата, миграцијата…
Затоа НРЦ ги поддржува сите иницијативи за воведување на образованието на возрасни заради елиминирање на алармантната бројка од 173.000 неквалификувани работоспособни луѓе, меѓу кои голем број Роми.
НРЦ смета дека е потребна дистрибуција на вистинската информација за културата и историјата за Ромите, пред се меѓу наставниците и родителите. Тоа може да доведе до зајакнување на релацијата помеѓу сите родители и да иницира позитивна комуникација.
Она на што треба интензивно да се работи во иднина е креирање на политика и создавање услови за зголемен процент на ромски деца во градинките, овозможување детски додаток и за корисниците на социјална помош, воведување факултативна настава на ромски јазик од прво до четврто одделение, вработување на ромски наставен кадар кој во моментов се игнорира, заживување на стратешкиот план за отворање на катедра за ромски јазик, култура и историја.
Македонија, во поглед на прашањето на образованието на Ромите, треба да ги следи и да ги применува меѓународните искуства и практики, но и да се обврзе тоа да го спроведе во практика.
Кампањата е поддржана од Претседателот на Република Македонија, Премиерот, Министерството за образование и наука, Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на националностите, Бирото за развој на образование, Државниот Просветен Инспекторат, градоначалниците на градовите вклучени во кампањата.
Се надеваме на соработка за надминување на проблемите на Ромите во образованието и достигнување на европските стандарди. Сето тоа е значајно за нас Ромите, како и за сите граѓани на Македонија за влез во Европската унија и Евроатланските структури.
Со почит,
Национален Ромски Центар