БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ

(за хотелски услуги)

28.05.2019

 

Почитувани,

Здружение Национален ромски центар од Куманово објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:  

1.Општи услови

1.1. Набавувач на услуги  Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште  на  ул. Доне Божинов бр. 11/1, Куманово.

1.2. Предмет на барањето: Прибирање понуди за хотелски услуги.

1.3.Здружение „Национален ромски центар“ (НРЦ) го спроведува проектот „Поддршка за жените Ромки, жртви на семејно насилство“ со поддршка од UN Women и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање до сите регистрирани правни субјекти во државата заради набавка на понуди.

1.4. Набавката на ова Барање не е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски и интерес за квалитет на барателот.

  1. Понуда

2.1. Планирано е да се одржи летен камп за ромски девојки. Услугата ќе треба да биде обезбедена согласно Договорот кој ќе биде склучен помеѓу набавувачот и добавувачот, по изборот на понудата. Услугата треба да се испорача во периодот од 02.07 до 06.07.2019, за вкупно 14 учесници.

Вашата понуда би требало да ги вклучува следните податоци:

  • Хотелско сместување (7 двокреветни соби со појадок, ручек и вечера) за 14 учесници за 5 ноќевања, пристигнување на 02.07.2019 година (почнување со ручек) и заминување на 07.07.2019 година (по појадокот);
  • Сала и 2 кафе паузи дневно за 14 учесници.
  1. Критериуми за избор на најповолен понудувач:
  • Цена
  • Квалитет на понудените услуги
  • Долговремено и потврдено искуство во областа

Цената носи 70, квалитетот 20 бодови, додека искуството во областа носи 10 бодови, а за добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.

  1. Облик и содржина на понудата:

4.1 Понудата се изработува во писмен облик.

4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, телефонски број,   е-маил, адреса за контакт како и лица за контакт.

  1. 3. Карактеристики на понудата.

4.5. Рок и начинот на испорака на  услугите.

4.6 Вредност на понудените содржини и услуги изразена во денари со вклучен ДДВ.

4.7.Рок и начин на плаќање.

 

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната  адреса [email protected] или лично да ги доставите во архивата на НРЦ на адреса на ул. Доне Божинов  бр. 11/5 Куманово, во период од 28.05.2019 до 07.06.2019 година до 16 часот.

Барање за понуди за хотелски услуги – камп

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*