Вториот ден, конференцијата имаше чест да ја отвори Претседателот на владата, Г-динот Зоран Заев, кој во својот воведен говор истакна дека овој проект завршува, но тој и понатаму претставува владина мотивација за фокусирање на прашањата истакнати во извештајот произлезен од овој проект. Тој посочи дека вакви проекти се потребни за укажување на правилен пат за донесување на одлуки и политики во намалување на дискриминацијата во општеството. Меѓу другото, тој го спомна и тукушто формираното Национално координативно тело за не-дискриминација, и ги повика сите ромски невладини организации да земат активно учество во работата на ова тело. На крајот Премиерот Заев додаде:  Сè додека постои и еден случај на дискриминација, нашата задача и обврски да изградиме едно општество за сите – останува највисоко на агендата.

Потоа воведни обраќања имаа Г-дин Самуел Жбогар, Амбасадор на Европската унија, кој посочи дека проблематиката на феноменот на дискриминацијата е сложена и за нејзино разрешување е потребен интегриран пристап, што е од голема важност доколку сакаме промена. Конкретно, за сузбивање на дискриминацијата потребни се измени и дополнување на законските одредби. Во истиот воведен панел следуваа воведните обраќања на Г-дин Иџет Мемети, Народен правобранител, Г-дин Амди Бајрам, пратеник, Г-дин Самка Ибраимовски, пратеник, Г-дин Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Г-дин Ашмет Елезовски, извршен директор на Национален ромски центар и Г-дин Реџепали Чупи, автор на извештајот,  кој на крајот пред претставниците на овие институции ги претстави наодите од извештајот, добиен со анализа на случи кои ја покажуваат реалната слика на терен, но и препораките од истиот за менување и подобрување на домашната легислатива во седум области на делување каде најчесто е забележана дискриминација кон ромските деца.

После групното фотографирање и изјави за медиумите, следуваше вториот панел со обраќања на претставници на државни институции и претставници на граѓанскиот сектор, кои дискутираа за добиените наоди од извештајот како и за препораките за менување и подобрување на домашната легислатива, каде свое видување по однос на наодите и волја за залагање во намалувањето на феноменот на дискриминацијата во македонското општество дадоа Г-дин Оливер Ристовски, заменик министер за правда, Г-дин Ѓонул Бајрактар, заменик министер за труд и социјална политика, Г-дин Петар Атанасов, заменик министер за образование и наука, Г-н Александар Спасеновски, комисија за заштита од дискриминација и Г-ѓа Сузана Велковска, координаторка на програма за јавно здравје и правно зајакнување во Фондација отворено општество Македонија, по што следуваше дискусија по елаборираните прашања.

Потоа по прикажаните кратки видеа изработени во рамките на проектот се дискутираше по темата „Улогата на комуникацијата во прeтставување општествени феномени“ , по што беа претставени заклучоците од конференцискиот ден, по што свечено конференцијата беше затворена.

Целта на проектот е промоција на социјалната интеграција на ромските деца во општеството преку ефективна заштита на нивните основни човекови права. Активностите се имплементираа изминативе две години во општините Куманово, Крива Паланка, Кичево, Кочани, Штип и во Прилеп.
Нај­че­стите проб­ле­ми кај Ро­ми­те на те­ма ди­скри­ми­на­ци­ја се вр­за­ни за ма­тич­на­та еви­ден­ци­ја, но тие пов­ле­ку­ва­ат проб­ле­ми понатаму со со­ци­јал­на­та и со здрав­стве­на­та за­шти­та, со обра­зо­ва­ни­е­то, со до­му­ва­ње­то (ле­га­ли­за­ци­ја­та) и со дру­ги сфе­ри на жи­ве­е­ње.

Дводневната завршна конференција во рамките на проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца“ која се одржа на 19-20 февруари 2019 година во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје е организирана од страна на „Национален ромски центар“ Куманово и партнерската организација Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.

 

2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34

 ***

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение Паблик, Скопје и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*